ММС

Објавено на: 06/3/21 2:51 PM

Почина 20-годишниот ракометар Марко Божиновски

Нова трагедија во македонскиот ракомет. Почина дваесетгодишниот, Марко Божиновски – објави попладнево РК Металург.

„Златното дете на Металург, во кој никна и го разви својот раскошен талент. Овде ги мина сите старосни категории, од овде го даде и својот допринос во соодветните селекции на Македонија. Последните две години ги мина во екипата на Бутел Скопје, за кој вчера го одигра својот последен натпревар и ги постигна своите последни голови“, соопштија од клубот.

-Марко, Металург вечно ќе те памети, твојата младост, твојата ведрина, твојот талент…
Почивај во мир  – се додава во објавата.

Спортските медиуми во меѓувреме пренесоа дека според првичните неофицијални информации,  Божиновски  починал од срцев удар.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.