ММС

Објавено на: 06/3/21 2:27 PM

Спасовски: Олабавувањето на рестрикциите нема да доведе до нов мигрантски бран

Во овој момент немаме индиции дека може да дојде до сериозно зголемување на бројот на мигранти. Таква работа нема бидејќи практично и не е функционална таканаречената западно-балканска рута. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали олабавувањето на рестрикциите може да придонесе кон нов мигрантски бран и нелегален транспорт на мигранти на наша територија

„Дали имаме зголемување на бројот за илегално влегување во државата – има.  Секогаш кога има поповолни временски услови, нормално дека од островите преминуваат на копно на територијата на Грција и потоа сакаат да продолажат кон нас. Меѓутоа, ние имаме од септември минатата година посебна оперативна акција којашто се занимава исклучиво со илегалната миграција и дава сериозни резултати“, истакна Спасовски според кој државата покажува ефикасност во делот на одбивање на таквите илегални обиди.

„Минатата недела имаме 500 илегални обиди кои се одбиени и не е дозволен илегален влез на територијата на државата. На јужната граница работиме заедно со припадни на полициските служби од земјите со кои билатерално соработуваме од 2015 година до денес.  Нема посериозни индиции дека може да се зголеми бројот на мигранти кои ќе поминуваат на територија на државата“, додаде министерот за внатрешни работи.

 

Фото: Архива

В. Ми


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.