ММС

Објавено на: 06/3/21 12:44 PM

Укинување на полициски час и организирање на концерти е во опција по 15 јуни

Доколку продолжи трендот на пад на бројот на новозаболени од Ковид – 19, следно што претстои е олабавување на мерките. Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека Комисијата ќе се состане пред 15-ти јуни, по што ќе одлучува за тоа дали може да почне организација на концерти и други настани, како и укинување на полицискиот час.

-Дотогаш ќе работиме на разни настани  и концерти за да се донесат соодветни протоколи. Доколку продолжи тренднот може да очекувам олабавување на мерките – а тоа е прво уинување на полицискиот час и второ организирање на овие настани, изјави Филипче.

Министерот потврди дека во наредните седум дена се очекува пристигнување на 500.000 вакцини Синовак во претходно пакувани шприцеви што ја олеснува вакцинацијата. Во однос на руската вакцина, Филипче вели дека не верува дека има политика во доцнењето на Спутник. Доцнењето било најавено и од страна на амбасадорот, со кој како што рече, се во секојдневна комуникација.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.