ММС

Објавено на: 06/3/21 10:24 AM

Државната помош ја злоупотребила 181 фирма – плата не добиле 753 работници

Овој податок го изнесе директорката на УЈП Сања Лукаревска, за исплатената државна помош во за февруари и март година. Меѓутоа, неисплатени плати од државата има и за ланската година. УЈП веќе покренала постапки за тие работодавачи, но не го менува фактот, дека работниците сепак, останале без плати и покрај тоа што државата помогнале во време на ковид Кризата.

Според директорката Лукаревска, злоупотребени се над 12 милиони денари државна помош за февруари и март годинава за вкупно 753 работници.

Најголем дел од фирмите кои не исплатиле плати се од Скопје, потоа од Тетово и Битола.  На тие работодавачи им се доставени опомени, по што се пристапува на присилна наплата. Според законот предвидена е казна од 500-10.000 евра, во зависнот од големината на правното лице.

По дејности најголем дел од работодавачите, кои не исплатиле плати се од дејноста подготовка на оброци и храна – 61, каде не е исплатена плата за 198 вработени во износ од  2.984.871 денари. Следат дејностите трговија на мало со 33 работодавачи и за 87 вработени со државна помош од  1.359.389 денари и  25 рабаботодавачи  од дејноста копнен транспорт со неисплатени плати во износ од  1.16.3608 денари за 77 вработени.

Се’ уште има неисплатена државна помош за работниците од ланската година. 117 работодавачи се’ уште немаат исплатено плата за 366 вработени, со што злоупотребиле над пењт милиони денари од државниот буџет. УЈП спровела присилна наплата, изготвени се записници за прекршок и налози за 35 даночни обвр , од кои 12 од Скопје ,три од Битола,осум од Прилеп и четири од Штип.

За тие што не порамниле, покрената е барање за прекршочна постапка, додека 2286 работодавачи треба да ги вратат парите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.