ММС

Објавено на: 06/3/21 10:10 AM

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за Еуро 2020

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека УЕФА ги активирала мобилните апликации за преземање на билетите за Европското првенство во фудбал кое ќе започне на 11 јуни.

УЕФА праќа информации до сите кои добиле код за купување на билети за Европското првенство дека веќе се активни мобилните апликации за влезниците на натпреварите и истите можат да се преземат преку App Store и Google Play.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.