ММС

Објавено на: 06/3/21 10:03 AM

 Почна исплатата на социјална помош и стипендиите за ученици и студенти

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец  мај 2021 година.

-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 3 јуни  2021 година, соопшти МТСП.

Од Министерството укажуваат дека со цел да се избегне метеж пред банките,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–  03.06.2021 год.(четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;

–  04.06.2021год.(петок) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Министерството за образование и наука информира дека исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.

Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.