ММС

Објавено на: 06/3/21 9:06 AM

Бугарија се’ уште не знае кога ќе може да даде вакцини на Македонија

Бугарскиот министер за здравство  д-р Стојчо Кацаров на брифингот во Советот на министри изјави дека Бугарија ќе може да оддели од своите вакцини за балканските земји. Ќе донираат АстраЗенека,бидејќи, како што рече, имаат најмал интерес за оваа вакцина. Меѓутоа, кога, ќе зависи од дозволата на Европската Унија.

-Добивме барање од С.Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија дека сакаат да примат вакцини од нас. Постапката се покажа како многу тешка – дали ќе бидат продадени или донирани, ќе биде потребно време додека не се согласи Европската комисија, објасни тој.

Министерот дополни дека испратиле барање до ЕК изминатиот петок.

-До крајот на денот треба да добиеме одговор со кој механизам ќе се случи ова нешто. Нашата желба е да помогнеме. Вакцината што ќе ја донираме ќе биде на АстраЗенека,бидејќи имаме најмал интерес за тоа.Вкупниот број на вакцини што можеме да ги донираме е 150 000 за сите земји што испратиле истрага до Бугарија,рече министерот за здравство Кацаров.

Македонскиот премиер Зоран Заев неодамна најави дека преку Црвениот крст на Бугарија на Македонија ќе се донираат 50 илајди вакцини против ковид-19.

 

фото: архива – прием на донации од НР Кина


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.