ММС

Објавено на: 06/3/21 9:20 AM

Во Скопје во изминатите 24 часа ниту еден пациент не е хоспитализиран поради компликации од корона

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема  хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, соопштија претпладнево од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми – се додава во денешното соопштение од МЗ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало  примени пациенти, ниту пак на  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32 пациенти.

Вкупно 58 пациенти потврдени и сомнителни за ковид -19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 87 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.