ММС

Објавено на: 06/3/21 8:58 AM

Новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични – реагираат од НУК

Новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични и со нив се прави ограничување во вршењето на угостителската дејност односно им се дозволува работење само на определени угостителски објекти. Вака реагира Независната угостителска комора (НУК) преку писмено соопштение.

– Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби/прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност и кои работат согласно шифрите на дејност 56 – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна регистрирани согласно Законот за угостителска дејност во Централниот регистар на РСМ. Во ниеден закон, уредба или правилник не постои ново создадениот термин – Ресторани за свадби со кои се ограничувало или се ограничува организирање на свадби/прослави и веселби исклучиво под определени услови во одредени угостителски објекти. Свадби/прослави и веселби меѓу кои спаѓаат и крштевки, родендени, веридби, матурски, дипломски, разни годишнини не се организирале ниту ќе се организираат само во овие т.н. Ресторани за свадби, туку се организирале и ќе се организираат во сите угостителски објекти – велат од НУК.

Оттаму забележуваат дека со новите протоколи е направена неправда и кон музичката индустрија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.