ММС

Објавено на: 06/3/21 7:51 AM

Бобан Томовски во Турција бил уапсен за „Нарушување на јавниот ред и мир“

Екипите на филијалата за борба против организираниот криминал во полицискиот оддел во Истанбул, Турција, вчера го приведоа македонскиот државјанин, Бобан Томовски, за кого турските власти тврдат дека е десна рака на водачот на подземјето, Седат Пекер. На Пекер македонските власти му издале илегален пасош. За Томовски, како што подоцна беше соопштено, е покрената правна постапка за „Нарушување на јавниот ред и мир“ и е однесен во Центарот за отстранување на управата за имиграција во провинцијата Кочаели. Таму ќе остане до неговата депортација, назад во Македонија, од каде допатувал на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, со намера да се качи на авион за Каиро, Египет.

Во меѓувреме, како што соопштуваат медиумите, турските власти продолжија со серијата мерки против Пекер, кој од егзил објави повеќе видеа и други материјали против турската власт и претседателот Реџеп Таип Ердоган. Кривичниот суд на Анкара по барање на Генералната команда на жандармеријата, поради „повреда на личните права“. Оваа информација изутрината беше демантирана од Пекер, кој кажа дека може слободно да пишува и објавува на неговите канали на социјалните мрежи.

За Томовски турските медиуми пишуваат дека му бил близок соработник на Пекер, кој при доаѓањето во Скопје, престојувал во неговиот дом.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.