ММС

Објавено на: 06/2/21 8:02 PM

Стилистот на Ким Кардашијан открива како косата да ви остане подолго сјајна и чиста

Ким Кардашијан со годините промени многу фризури, од долга, кратка, темно црна до русокоса. Потребно е многу труд косата да остане убава, секојдневни снимања и честата промена на бојата влијаат на нејзиниот изглед.

Прекумерното миење на косата може да биде голема пречка за одржување на рамнотежата на масленоста, што е навистина важно за долготраен сјај и избегнување на тоа косата брзо да биде масна.

Познатиот фризер Крис Аплетон, кој исто така соработувал и со Џенифер Лопез објаснил дека кога е во прашање сокривањето на масната коса, Ким Кардашијан не посегнува по производи за обликување или било какви производи.

Тој советува дека доколку сакаме косата да не ја миеме секојдневно, едноставно направете ниска пунџа.

Исто така напоменува дека користи исклучиво шампони без сулфур кои се неопходни за одржување на сјајот и бојата.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.