ММС

Објавено на: 06/2/21 6:37 PM

Италијанскиот милионер повторно во Белград- не ја испушти од рака својата сопруга

Популарниот италијански милионер и миленик на жените, Џанлука Ваки (53), денеска ја прими втората доза на вакцина против коронавирус во Белград, а неговата убава сопруга Шенон Фонсека (25) не се одвои од него.

Џанлука, на задоволство на многу жени, беше ревакциниран без кошула. По него, се вакцинирала иШенон со вакцината на Фајзер, а сите ги воодушеви со својата убавина и позитивната енергија.

Шенон не се оддели од Џанлука, држејќи се за раце пристигнаа на саемот во Белград каде беа повторно вакцинирани, а за таа прилика двајцата ги усогласија и своите стајлинзи. Џанлука имал црни панталони, бела кошула и кремаста јакна, Шенон исто така блескаше во бели панталони и блуза.

Сопругата на Џанлука е 28 години помлада од него, и иако многумина на почетокот не им предвидоа заедничка иднина, тие со својата љубов ги негираа. Во октомври минатата година тие добија ќерка која ја нарекоа Блу Јерусалема Ваки.

Неговата сопруга Шенон е родена во Венецуела и живеела во Мајами, каде што си го трасирала патот и создала кариера. Студирала дизајн и била дел од агенцијата Дас Моделс.

Нејзиниот живот се сменил кога ја запознала Ваки, во 2018 година.

Извор:

Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.