ММС

Објавено на: 06/2/21 12:35 PM

Нема гушкање на свадби и пеење на увце, играње на подиум и евиденција на сите гости

Вчера усвоениот Протокол за организирање на свадби, прослави и веселби предвидува задолженија за организаторот на настанот, но и за менаџерот на објектот каде ќе се одржи. Угостителската комора е должна да води Региситер на вакви настани, додека музика во живо е дозволено само доколку има доволно простор со дистанца од четири метри од гостите. При тоа, нема движење и пеење меѓу гостите. Ова денеска на прес конференција го објасни владиниот портпарол Мухамет Хоџа.

Лалп како што рече Хоџа, не е дозволен физички контакт мегу гостите, гушкање ниту ракување.

Играње е дозволено само на подиум, со дистанца од четири квадратни метри меѓу гостите.

-Организаторот на прославата има обврска да достави листа на гости до одговорниот менаџер на објектот, кој ги евидентира сите гости. Менаџерот треба да ги запознае сите гости со овој Правилник. Менаџерот исто така, треба да ја  регистрира и пријави прославата во Угостителската комора, која води Регистер на свадби, прослави и веселби. Во случај гостите да се движат во затворениот дел, треба да носат маски, рече Хоџа

Контролата за почитувањето на одредбите од Правилникот е на надлежни институции, но внатре во објектот контролната задача е на организаторот на прославата и на менаџерот на објектот.

На влезот треба да се мери температура на гостите, а  просторот треба да биде отворен од три страни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.