ММС

Објавено на: 06/2/21 12:17 PM

Добивме 0 денари од Владата, а ни вети два милиони евра – Ивент индустријата бесна на државата што не им помогна

Ивент индустријата реагира до Владата дека по речиси 15 месеци од стартот на пандемијата е оневозможена да работи, а досега не и е исплатен ниту еден денар од речиси два милиони евра колку што им вети државата.

Пред речиси два месеца Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но фактите и реалната ситуација го говорат следното:

– На 12 април Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата, досега се исплатени 0 денари.

– На 21 април беше објавен Јавен повик за организирање на настани, за жал резултати нема, а помош 0 денари. Рокот кој ние како компании го добивме за подготовка на проектите беше пократок од оној кој Владата си го додели за евалуација на истите.

– На 12 мај Владата објави Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивент индустријата, но резултати нема а исплатена е помош од 0 денари.“

Тие се уште немале информација за бескаматните кредити кои исто така биле понудени како можна помош, а единствена помош била онаа наменета за целото стопанство.

Дел од нас можеа да искористат помош за исплата на плати (8 плати за вкупно 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Од каде плати за останатите 7 месеци без помош? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?

Ги прашуваме претставниците на Владата дали мислат дека сме алхемичари? Дали

некогаш се запрашаа како преживуваат нашите компании?

За разлика од останатите дејности во стопанството, вклучувајќи го и угостителството кое од првиот ден на релаксирање на мерките работи, јавноста е сведок дека нема настани, нема концерти, а со тоа нема ниту работа за нас.

Вистина е дека институциите навремено и ажурно се сеќаваат на нас, но само кога ќе треба да ни пратат опомена за плаќање на даноци, да ни блокираат сметки за неисплатени плати и за подмирување на сите останати обврски.

Бараме до Владата итна и без одлагање реализација на мерките кои ни беа понудени како помош!“, реагира ивент индустријата.

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.