ММС

Објавено на: 06/2/21 11:37 AM

Цитроен се заби во трактор – Повредени три лица во прилепско

Тешка сообраќајна несреќа во прилепско, повредени три лица со тешки телесни повреди, соопштуваат од министрството за вантрешни работи.

-Вчера  во 20.45 часот на локалниот пат с.Тополчани-с.Ерековци, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(52) од с.Канатларци и трактор „солис”, управуван од Е.Р.(43) од с.Канатларци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ш.(56) од Прилеп, сопатник во патничкото возило, констатирни во Градска болница Прилеп. Со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп, се здобиле возачот М.Р. и сопатниците во патничкото возило Д.А.(40) и И.К.(36), двајцата од Прилеп, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Фото: Илустрација


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.