ММС

Објавено на: 06/2/21 11:31 AM

Уапсениот Бобан Томовски во Турција е истражуван како соработник на Седат Пекер

Турските медиуми јавуваат за апсењето на македонскиот државјанин Бобан Томовски, кого го нарекуват „лидер на криминалната организација“, познат по својата блискост со Пекер. Томовски беше фатен на аеродромот Сабиха Ѓокчен во Истанбул. Томовски, наводно вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет. Во прилог на пишувањата, се објавени фотографии со Пекар, Томовски и поголема придружба, фатени на поминување во центарот на Скопје.

Утврдено е дека шверцерот со дрога Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, Скопје, бил на пат да замине во Египет преку Турција.

Според информациите, Томовски, кој сподели многу објави со Пекер на социјалните мрежи, имал многу влезови и излези кон Турција.

Беше наведено дека Томовски, за кого се сметаше дека е осомничен во рамките на истрагата покрената против Пекер, е предаден на Дирекцијата за борба против имигранти и гранична служба за спроведување на постапките за депортација по завршувањето на судската постапка.

Седат Пекер деновиве е актуелен по неговото делување во илегала од Обединетите Арапски Емирати со споделувањата на видеата со кои директно се обвинува турската власт за снабдување со оружје џихадистичката милиција Ал-Нусра Фронт, терористичката организација која се бори во сириската граѓанска војна против властодржецот Башар ал-Асад.

Пекер стана познат на македонската јавност по аферата со издавање на македонски пасоши со лажни имиња на луѓе од криминални организации. Со лажен македонски идентитет, според овие наводи, Пекер слободно се движел по балканските земји и пошироко.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.