ММС

Објавено на: 06/2/21 11:30 AM

Би платиле 800 евра за лижење? – Најскапиот сладолед во светот е прекриен со злато

Сладоледот „Златен раскош на среќата“ е најскапиот на светот и чини 800 евра!

Сладоледот е многу скап затоа што содржи три топки Тахитски сладолед од ванила кои се покриени со листови од 23-каратно злато, бадеми, кавијар и орхидеи од злато кои се прават дури осум часа. Исто така одозгора се става и кандирано овошје, но не било какво, туку најквалитетното од Париз.

За да се подигне малку цената овој златен сладолед се служи во чаши од кристал кои чинат 350 долари, обложени се со златни листови од 23-каратно злато. Логично овој сладолед не се јаде со било каква лажица, туку погодете, од злато и тоа 18-каратно.

Најскапиот сладолед на светот содржи и скапоцено чоколадо од Тоскана, а зрната ванила се увезени од Мадагаскар. Некои од состојките се карамелизиран орев од видов пекан, тартуфи од бело чоколадо и дијаманти што се јадат.

Извор: Mondo.rs

фото: Facebook, CNBS.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.