ММС

Објавено на: 06/2/21 10:43 AM

Малиот Жељко како мал гроф – Се подготвува спектакуларна забава за малиот Ражњатовиќ

Синот на Вељко Ражњатовиќ и внукот на балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ денеска слави роденден. По тој повод ќе биде организирана прослава во еден белградски ресторан.

Ражњатовиќ одлучиле да ги соберат членовите на семејството и пријателите за да го прослават овој ден.

– Цеца одлучила посебно да го одбележи овој ден. Пејачката со Богдана и Вељко се договорила да направат журка. Ангажирале фирма која ќе биде задолжена за декорација и кетеринг, а забавата ќе биде организирана во елитен ресторан во Белград. Се ќе биде декорирано во сино – бели нијанси. Жељко ќе носи одело кое е специјално креирано за него, додека за Цеца е изработен посебен фустан за оваа прилика. Се уште не се знае што ќе купи Цеца на внукот, вели изворот за Блиц.рс.

Извор: Блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.