ММС

Објавено на: 06/2/21 10:02 AM

Канада одобри промена на вакцината за ревакцинација

Научниот одбор кој ја советува канадската влада за вакцините, ја одобри промената на вакцината против актуелниот вирус кај примањето втора доза. Тоа значи дека оние кои се вакцинирале со вакцината на АстраЗенека ќе може да се ревакцинираат со вакцината на истиот производител или пак со некоја од РНК вакцините, како што се оние на Фајзер и Модерна.

На Канаѓаните кои ја примиле првата доза од некоја РНК вакцина, кај другата доза би требало да им се понуди вакцината на истиот производител, или ако е недостапна, друга вакцина со исти карактеристики. При донесувањето на ваквата препорака Националниот консултативен одбор за имунизација (CCNI) го имал на ум ризикот од опасни згрутчувања на крвта при имунизацијата со АстраЗенека. Истовремено, според наводите на Одборот, таквото мешање би можело да создаде можност за краткотрајни интензивни нуспојави, а особено главоболка, чувство на умор и општа слабост.

Комбинирањето вакцини од различни производители не е непознато и се применува кај грип и хепатитис А – се додава во образложението од CCNI.

 

Извор: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.