ММС

Објавено на: 06/2/21 8:28 AM

Час паркинг во центарот на Охрид фантастични сто денари!

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори” започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона” во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

Фото: Архива  /   Designed by Freepik

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.