ММС

Објавено на: 06/1/21 7:15 PM

Пасошите кои истекуваат после 31 јули, ќе важат до 31. декември оваа година, најави Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил најави дека сите патни исправи на нашите граѓани кои се во странство, а кои истекуваат после 31. јули, се продолжува нивниот рок до 31 декември 2021 година.

„Одлична вест за нашите граѓани во странство.

Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021. Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство“, напиша Османи на неговиот Фејсбук профил.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.