ММС

Објавено на: 06/1/21 12:09 PM

Штипски мотоциклисти возат без дозвола и побрзо од дозволеното

При вчерашната контрола на штипската полиција во периодот од 15.00 до 21.00 часот на мотоцикли во сообраќајот биле констатирани 18 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.

Како што соопшти СВР Штип, при контролата биле констатирани и 14 прекршоци за пречекорување на брзината, 2 за нерегистрирани возила, 12 за управување возило без возачка дозвола и четири за некористење сигурносен појас. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.