ММС

Објавено на: 06/1/21 11:01 AM

Нови 9 пациенти хоспитализирани во скопските ковид центри

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 9 пациенти, а вкупно се лекуваaт 74 болни сомнителни и потврдени за ковид-19. За ова денеска информираше Министерството за здравство, од каде соопштија дека вкупно 74 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало два приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 5 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 10 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 25 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38
пациенти.

Вкупно 74 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка – тврдат од МЗ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.