ММС

Објавено на: 06/1/21 10:56 AM

Им ги одзеле децата од родителите и ги држеле во кафез – Канадската влада им го упропастила животот на првата петорка бебиња во светот

Првата петорка за која се знае дека го преживеала породувањето и најраното детство се родила во близина на селото Корбеј, недалеку од северниот залив во Онтарио, Канада.

Анет, Сесил, Ивон, Мари и Емили Дион дошле на свет два месеца порано и сите стравувале дека толку мали нема да преживеа. Но, ги породил доктор Алан Рој Дафо кој ги организирал другите родилки да донираат млеко за бебињата, а се вклучиле и сестрите од канадскиот Црвен крст и сите пет девојчиња преживеале.

Бебињата станале ѕвезди преку ноќ… и тоа било најлошата работа што можела да им се случи.

Семејството Дион било сиромашно. Таткото и мајката биле работници кои едвај составувале крај со крај. Тоа било доволно канадската влада да процени дека девојчињата немаат услови за правилен раст и квалитетен живот и им го одзела старателството на родителите доделувајќи му го токму на доктор Дафо.

И покрај тоа што бебињата биле целосно здрави и добро негувани, кога имале само четири месеци биле сместени во специјална болница која изгледала на прв поглед како и сите други, но имала некои спорни делови – простории кои биле отворени за туристите, кои личеле на забавен парк и во кои посетителите можеле да ги набљудуваат во секојдневните активности.

Местото станало познато како „Квинтленд“, а девојчињата биле најголема туристичка атракција и се појавувале три пати во денот пред луѓето. Биле под постојан надзор, гржа за нив водели воени доктори и сестри кои врз нив правеле научни истражувања, па затоа децата побрзо научиле да велат „доктор„ наместо „мама“.

Девојчињата се појавиле во три холивудски филмови, а во 1939 година и биле претставени на идната кралица Елизабета Втора. Сето тоа со одобрение на канадската влада која од овој „бизнис“ остварила профит од речиси 500 милиони долари.

По грчевита борба за старателство во ноември 1943 година, државата им ги вратила на родителите, но ова не бил среќен крај на нивната приказна. По иницијалната траума на враќање кај мајката и таткото кои за нив биле странци, сестрите повторно се најдоа во шоу бизнисот, овојпат од нивните родители.

Сестрите биле водени на турнеи, јавно прикажувани на маси народ, а сето тоа за да се заработи пари. Воопшто немале пријатели, биле школувани дома и малку знаеле за светот надвор од стакленото звоно во кое живелее.

– Парите се чудовиште, а толку луѓе околу нас нажалост му подлегнаа – раскажала подоцна една од петте сестри.

Тие живееле со семејството до 18 години, а потоа прекинале секаков контакт со нви и доктор Дафо. Три од нив се омажиле и имале деца, а една од нив станала калуѓерка.

Владата на Онтарио официјално им се извинила поради експлоатацијата која ја преживеале како деца, а во март 1998 година добиле четири милиони долари надомест за пеколот во „Квинтленд“.

Емили починала во 1954 година од мозочен удар, Мери починала од тромб во 1970 година. Ивон починала во 2001 година, а денес се живи само Анет и Сесил.

Извор и фото: Mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.