ММС

Објавено на: 06/1/21 10:35 AM

Донаторката на срце и бубрези, Јасмина, била мајка на 10-месечно бебе

Најновата, трета трансплантација на срце се случи изминатиот викенд, откако кај 40-годишна жена е костатирана мозочна смрт. Во јавноста не беа изнесени податоци за жената, чии органи семејството одлучи да ги донира. Се знаеше само дека доживеала, како што лекарите објавија, спонтан излив на крв во мозокот. Се’ до денеска, кога министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека се сретна со семејството на жената,  чии органи спасија три човечки животи.

Јасмина Василковска е името на 40-годишната жена, мајка на 10-месечно бебе.

-Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне, нашиша министерот Филипче.

Сите пацинети кои ги добија органите на Јасмина, закрепнуваат од трнасплантациите се во добра состојба. Трансплантацијата на бубрезите беше извршена кај 44- годишен маж и кај 30 – годишна жена, кои биле на хемодијализа. Срцето на Јасмина чука кај 39-годишна жена.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.