ММС

Објавено на: 06/1/21 10:34 AM

Околу 6 отсто од луѓето во светот умираат поради физичка неактивност

Недостигот на вежби и физичката неактивност имаат многу негативни ефекти и „одговорни“ се за 6 проценти од смртните случаи во светот – изјави докторката, Хајла Каџихан. Во своето обраќање на Националниот е-симпозиум за физички активности, докторката која е дел и од тимот  на Факултетот за здравствени науки при Универзитетот Бируни истакна дека физичката активност станала вообичаена појава во целиот свет.

„Физичката активност во 21-25 проценти од случаите влијае на појавата на рак на дојка и на дебело црево, 27 отсто на дијабетес и 30 проценти на болести на срцето“, истакна Каџихан.

Вежбањето и телесното движење се најефикасните методи за превенција  на низа болести како дијабетес, некои видови карцином, висок крвен притисок и обезност. Физичката активност му помага на поединецот да се чувствува поенергично и поактивно. Го штити и подбрува здравјето на луѓето и спречува да се создадат одредени болести кои може да ги предизвика неактивноста.

 

Извор: b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.