ММС

Објавено на: 06/1/21 9:19 AM

Новите варијанти на коронавирусот добиваат имиња според грчката азбука, најави СЗО

Светската здравствена организација најави дека ќе воведе нов систем на именување на различните варијанти на вирусот, објави Би-Би-Си. СЗО ќе ги користи буквите од грчката азбука за варијантите кои за првпат беа откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Индија.

Британската варијанта е означена како „алфа“, јужноафриканската како „бета“, а индиската како „делта“.

СЗО соопшти дека оваа мерка би требало да ја поедностави дискусијата за вирусот, но и за придонесе во борбата против стигмите поврзани со неговото потекло.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.