ММС

Објавено на: 06/1/21 8:17 AM

Емотивно простување од голманот Никола Даниловски – Џамбо

Со црни маички испишани со текст:Почивај во мир Никола Даниловски, ракометарите пред почетокот на натпреварот Маталург – Бутел Скопје се простија од прерано починатиот колега. Поранешниот репрезентативен голман, кој играше и за Металург, Пелистер и Охрид, 24- годишниот Никола Даниловски, во саботата беше пронајден мртов во Охридското Езеро.

Даниловски беше погребан вчера (понеделник) на градските гробишта Бутел во Скопје.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.