ММС

Објавено на: 06/1/21 7:57 AM

Заев и Филипче учеа за преживување во природа

Изминатиот викенд на завршната вежба во Лазарополе, Панајот Чоровски кој е долгогодишен инструктор за преживување во природа, ги обучуваше идните полициските специјалци на алатки за преживување, како и начин на пречистување на водата. Чоровски, кој е исклучителен познавач на оваа материјал пред премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, изврши презенатација билки и растенија кои ги наоѓаме во природата и кои имаат своја намена за опстанок во природа.

Ова е дел од обуката на кандидатите за прием во САЕ и ЕБР, на која беа презентирани основни алатки кои се користат за преживување, понатаму начин за палење на оган со прирачни средства и негово одржување. Беше презентиран и начин за пречистување на вода со средства и продукти кои ги имаме во природата како и начин на добивање на вода од одредени растенија. Во овој дел беа презентирани и средства во природата кои можат да послужат при изградаба на засолништа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.