ММС

Објавено на: 05/30/21 1:22 PM

(ВИДЕО) Тепачка во авион на летот од Приштина кон Базел

Во авионот на летот од Приштина кон Базел, во саботата попладне, дошло до тепачка меѓу патници, пренесува швајцарскиот портал на албански „Кантон 27“.

Веста беше поткрепена со видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како постар човек се бори со уште неколку лица во авионот, пред еден човек, да го совлада.

Се слушаат и врисоци на жени и деца.

Според порталот, станувало збор за тепачка, која продолжила и по слетувањето на аеродромот во Базел. Имено, на сред аеродром патниците што се карале повторно се степале.

Аеродромската полиција ја потврди веста за тепачката за швајцарскиот дневен весник „Блик“.

Според дневникот, двајца мажи биле уапсени поради тепачката.

Преземено од: https://www.novosti.rs/
Видео: Arbresh.ingo/ Facebook


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1