ММС

Објавено на: 05/29/21 9:18 AM

Продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли: Вчера во Скопје изречени 139 мерки

Полицијата вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, седум за возење без возачка дозвола, два прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли – соопштија денеска од МВР.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 51 санкција за непрописно паркирање, две санкции за минување на црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од Министерството за внатрешни работи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.