ММС

Објавено на: 05/29/21 9:05 AM

Ќе се асфалтира патот Тетово-Попова Шапка: Сообраќајот во прекин од 8.30 до 16.30 во наредните 30 дена, освен во неделите и празничните денови

Сообраќајот на патот од Тетово кон Попова Шапка во наредните 30 денови ќе биде во прекин, освен во неделите и празнични денови.

На регионалниот пат Р – 29275 крак Тетово – крак Попова Шапка и крак Шипковица – Бродец – Вешала пради изведување градежни работи (асфалтирање) во наредните 30 дена сообраќајот ќе биде во прекин од 08.30 до 16.30 часот секој ден, освен во недели и празнични денови, соопштија од Макдонија пат.

На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.