ММС

Објавено на: 05/28/21 9:56 PM

Венчаница од 90 метри свила и торта на седум ката – Како изгледаше Меланија кога му кажа „да“ на Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија прославија шеснаесеттата годишнина од бракот на 22 јануари, а на нивната венчавка далечната 2005 година потрошија над милион долари!

Бракот со Меланија за Доналд беше трет по ред, по неуспешните со Ивана и Марла Мејплс.

Словенечката манекенка Меланија Кнаус не сакаше да ја почитува желбата на Доналд телевизиите ширум светот да ја емитуваат нивната венчавка, па се откажа од таа намера. Тој ја запроси со дванаесет каратен смарагден прстен и застанаа пред олтарот во Палм Бич, Флорида.

 

Меланија истакна дека целата церемонија ја организирала сама. Таа носеше венчаница од Диор од дури 91 метар свила, тешка 25 килограми. Ја чинеше скоро 150 илјади долари, а заврши на насловната страница на Вог!

Интересно е што Меланија немаше класичен букет, туку семејно наследство во форма на низа бели рози.

Свадбената торта беше многу екстравагантна, од дури седум ката и висока метар и половина!
Нивните пријатели тврдат дека Доналд бил заљубен до уши во Меланија и дека сакал да ја исполни секоја нејзина желба – и не прашувал за цена!

Извор: Стил.курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1