ММС

Објавено на: 05/27/21 3:29 PM

Во домот на кумановец пронајдени 45 мигранти

Денеска (27.05.2021), по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Д.(53) од Куманово, информираат од МВР.

При претресот биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот исток. С.Д. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1