ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/21 1:09 PM

Намалување на ДДВ на струјата предлага ВМРО ДПМНЕ

Спасот од новото зоглемување на цената на струјата ВМРО ДПМНЕ го гледа во намалување на основицата на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто за најмалку една година. Со тоа,  ќе се заштитат граѓаните од покачување на цената на електричната енергија од најмалку 7 отсто, што ќе предизвика инфлаторна спирала и ценовни сокови за граганите.

-Околу сто милиони евра што помалку ќе се соберат во буџетот,  ќе се надоместат со подомаконско работење, намалување на луксузот, нови коли на институциите за да се заститат граѓаните реце лидерот Христијан Мицкоски, кој ја обвини власта и ЕСМ за недомакинско работење, драстично намалување на производатвото на субвенционирана електрична енергија, девсатирање на електроенергетски сектор.

– Една шајка во четири години не вложија од Електростопанство на Македонија и со ЕВН хоме работат во спрега со фамилијата на власт и им користи за најразлични рамковни договори. И  е подружница за бизниси, со што фиктивно се зголемува цената на струјата, обвини Мицкоски.

Енергетските компании поднесоа барање за зголемување на цената на електричната енергија што се испорачува до граѓаните и стопанството.Дали ќе се прифагти барање, ќе се знае на крајот од јуни. Цената на струјата минатата година се покачи за 7,4 отсто, по што граѓаните плаќаат 5,95 денари киловат час во високата тарифа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7