Смарт картички од 2,8 милиони евра обезбедува Владата за патарините на српските туристи
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/21 10:47 AM

Смарт картички од 2,8 милиони евра обезбедува Владата за патарините на српските туристи

Во замена за вакцините од Србија, македонската Влада вети бесплатно поминување на српските државјани, без да плаќаат патарини. На вчерашната седница, Владата донесе одлука, со која се ослободуваат од плаќање патарина српските државјани за време на летната сезона. -Владата ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година. Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Македонија преку Граничниот премин Табановце.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7