ММС

Објавено на: 05/26/21 8:55 AM

(видео) „Пљачка на народот“ – граѓаните од свој џеб платиле 16 милиони евра за ПЦР тестови

Некој треба да одговара, плаќаме здравствено осигурување, се лекуваме приватно. На сегашната просечна бруто плата од околу 42 илјади денари, се одвојуваат по 170 денари дневно, или околу 4100 денари месечно, што влегува во годишниот фонд од половина милијарда евра во Фондот за здравствено осигурување. Ова како податок го изнесува новиот документарец на СКУП, каде соговорниците ова го нарекуваат „пљачка на сопствениот народ“. Овој фонд се јавува како многу атрактивен за менаџирање и се потсетува на скандалот со директорот Ден Дончев, кој си даде оставка. Сепак, во споредба со другите земји, овој фонд е далеку од потребното, па се дава споредба дека македонскиот здравствен фонд, е помал од тој за лекови на Клиничкиот центар од Љубљана, Словенија.
Понатаму, новинарите потсетуваат дека во пандемијата, владата се оглуши на препораката на професорите да се национализираат приватните болници, што падна на товар на граѓаните, кои плаќаа по 12.000 евра за лекување. При тоа, пред ограничувањето на 5000 евра, што е и сега ивсок износ, парите се уплаќаа предвреме, без никакви гаранции за исходот од лекувањето. Тоа направи да се создаде „здравствен апархејд“, објавува СКУП.

Сторија на scoop.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.