ММС

Објавено на: 05/25/21 4:58 PM

Пар од Индија изнајмиле авион и се венчале за време на летот за да ги избегнат ковид мерките: Имале повеќе од 160 гости

Пар од Индија наводно изнајмиле авион и се венчале за време на летот со повеќе од 160 гости, со цел да ги избегне правилата воведени поради вирусот вирусот.

Младенците Ракеш и Дакшина се венчаа пред семејството и пријателите во авион во неделата, откако резервираа лет од градот Мадураи во Индија.

Повеќе од 160 луѓе биле во авионот Боинг 737 за да присуствуваат на церемонијата, пренесува Дејли Меил.

На снимките на социјалните мрежи се гледа полн авион, на денот кога бројот на смртни случаи во Индија надмина 300.000.

Државата Тамил Наду, од каде полета авионот, во моментов е под локдаун, а свадбите се ограничени на 50 лица.

Аеродромските службеници исто така не биле запознаени за постапката што се одвивала непосредно над храмот Мадураи Менакши Аман, каде парот имал намера да се венча.

Индиската авијација започна истрага, јавуваат локалните медиуми.

„Times od India“ објави дека персоналот во авионот бил отстранет од должноста за време на летот.

 

Портпарол на авиокомпанијата изјави дека патнички авион Боинг 737 е резервиран од Мадураи до Бангалор за патување после венчавката.

Тој додаде дека клиентот бил запознаен со ковид правилата кои мора да се почитуваат и негирал дека била дозволена било каква активност на летот.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1