ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/24/21 11:00 PM

Заради неа сите ќе не мразат – Британците повеќе лути на нивната водителка отколку на нула поени на Евросонг

Британската водителка Аманда Холден, која ги соопштуваше гласовите на жирито на Евросонг, успеа за само една минута да крене прашина и да ги налути Англичаните.  Тие и се лути за непромисленоста, и дека поради неа сега сите ќе ги мразат.

– Добра вечер.  Беше добра вечер на француски и холандски јазик, иако немам поим кој јазик е кој – рече таа за време на вклучувањето.

Се претпоставува дека овој нејзин сарказам е што таа се пошегувала на сметка на стереотипот на Евросонг дека скоро сите пеат на англиски јазик, но за многу нејзини сонародници оваа шега не е смешна.


„ Фактот што Аманда Холден изјави пред цела Европа дека не прави разлика помеѓу два европски јазици е полошо од фактот дека добивме нула поени. Изгледавме како стереотипни, арогантни Британци“, „Признанието на Аманда Холден дека не ги разликува јазиците е причината што сите ги мразат Британците“, „ Дното на вечерта не беше нула поени, но кога Аманда Холден совршено демонстрираше зошто Европа не смета за арогантна нација која си дава преголемо значење и зошто никој никогаш не гласа за нас“ се замо дел од коментарите на лутите Британци на Твитер.


Британскиот преставник на годинашниот Избор за песна на Евровизија годинава заврши на последното место, со нула бодови. За него не гласаше ниту жирито од 39 земји, ниту, пак, публиката. Кога се врати во Англија никој не му се налути, ниту, пак, го навредуваше. Тие и понатаму си го нарекуваат нивен амбасадор и го фалат за преубавиот настап.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7