ММС

Објавено на: 05/24/21 9:05 AM

Санкции за 90 мотоциклисти во Скопје

Во текот на вчерашниот ден полицијата спроведе зајакната акциска контрола на подрачјето на Град Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. При тоа, санкционирани се 90 возачи. Од нив, 42 возачи не користеле заштитна кацига, 26 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.

 

Фото: FB / Министерство за внатрешни работи


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.