ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/25/21 10:59 AM

Голманот Видиниќ е единствениот македонски фудбалер кој заиграл на Европско првенство

Македонската фудбалска репрезентација, која за првпат во својата историја се пласираше на едно Европско првенство, обезбеди пласман преку плејофот.

Во полуфиналето го совладавме Косово со 2-1, а во финалето против Грузија легендарниот Горан Пандев со неверојатен гол и донесе спектакуларна победа на Македонија.

Македонската фудбалска репрезентација дебитираше во меѓународните натпреварувања со победата над Словенија од 4:1 на 13 октомври 1993 година, а првиот гол за Македонија го пистигна Зоран Бошковски.

Ангеловски е рекордер по бројот на натпревари како селектор на Македонија. Популарниот Мрме седел на клупата на 45 мечеви и забележал 20 победи, 10 нерешени средби и 15 порази. Тој е 17-от селектор кој ја водел Македонија од 1993 година наваму. Само четворица од нив биле странци, Слободан Сантрач и Љубинко Друловиќ од Србија, Сречко Катанец од Словенија и Џон Тошак од Велс.

Малкумина знаат дека голманот Благој Видиниќ е единствениот фудбалер од Македонија кој заиграл на Европско првенство. Тој бил дел од составот на Југославија против Советскиот  сојуз во финалето во Париз во 1960 година.

А, првиот погодок за Македонија во квалификациите за Европските првенства го постигна Митко Стојковски на мечот со Данска на 7 септември 1994 година во Скопје. Артим Шаќири постигна неверојатен гол директно од корнер против Англија во Саутемптон за прво историско реми од 2:2 против бивш светски првак, но најважниот гол во историјата на националниот тим го реализираше Горан Пандев во 56-та минута на финалниот плејоф меч против Грузија во Тбилиси.

Орце Костов

Фото: nasljerseys.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1