ММС

Објавено на: 05/23/21 9:43 PM

(Видео) Пакетче со бело или стуткана салфетка? Што имаше на масата на Манескин на Евросонг

Реакциите за победниците на Евросонг, што се одржа во Ротердам, Холандија не престануваат, но не за песната и победата туку за тоа дека фронтменот на групата Дамиано во зелената соба, додека траеше финалето конзумирал дрога. Уште на прес конференцијата, веднаш по победата беше потегнато ова прашање, кое тој категорично го демантираше и рече дека станувало збор за скршена чаша и затоа се наведнал.
Но, социјалните мрежи се вжештени и понатаму, постојано ислегуваат фотографии на кои од една страна се покажува скршената чаша, а на друга како стои бело пакетче на масата, која уште повеќе ги поттикна сомнежите.


На социјалните мрежи врие од коментари дека не станува збор за кокаин, туку дека тоа белот на масата е стуткана салфетка.
Денес ЕБУ се огласи со соопштеие во кое вели дека Дамиано бил согласен уште во Холандија да се тестира, но поради неможноста толку бргу да се реагира, ќе се тестирал во Италија а резултатот ќе бил јавно објавен.
И покрај тоа членовите на групата Манескин денес повторно им објаснија на обожавателите дека навистина не станува збор за кокаин туку за скршено стакло. Дамиано дури и се заколна дека никогаш не користел кокаин.

Но, претпоставките за конзумирање кокаин не е единствениот скандал што овие момчиња од Италија го направија на Евросонг. На Твитер се појавија фотографии каде Дамиано на сцена еднаш се бакнува со тапанарот, а потоа со гитаристот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1