ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/23/21 9:20 PM

Поради екстремни временски услови за време на ултрамаратон во Кина загинаа 21 натпреварувач

Вкупно 21 маратонец загинаа поради екстремно лошите временски услови за време на планинска трка на 100 километри што се одржа во провинцијата Гансу во северозападна Кина.

За време на трката која започнала во 13:00 часот во саботата од туристичкото место во Гансу, временските услови значително и ненадејно се промениле, што резултирало со бура, замрзнат дожд и силни ветрови, пренесува денеска Централната кинеска телевизија (ЦЦТВ).

Екстремно студеното време предизвикало хипотермија кај маратонците, по што многумина од нив исчезнале, а трката била прекината.

Локалните власти веднаш организирале спасувачка акција за да ги пронајдат. Повеќе од 700 луѓе биле испратени на лице место, а бил формиран и команден центар за спасување.

Од  172 учесници во трката, 151 биле безбедно пронајдени, осуммина од нив биле испратени во болница, но 21 биле пронајдени мртви.

Спасувачката работа била предизвикувачка поради комплицираниот терен и постојаното опаѓање на температурата за време на ноќта, но и поради лошиот сигнал на планината.

ЦЦТВ ги цитира спасувачките служби дека ниската температура била најголемата закана со која се соочиле натпреварувачите бидејќи носеле тенка облека, а температурата во планината се спуштила близу 0 степени целзиусови.

Локалната влада формира тим за длабинска истрага за причините за инцидентот.

 

извор: глобалтајмс.цн
фото: принтскрин


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7