Сакам да ме боцне со „Спутник В“, тоа „В“ ме асоцира на Венко – Лиде Лиде сака да се вакцинира и се надева дека така душата ќе и биде во негови раце
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/21/21 8:40 PM

Сакам да ме боцне со „Спутник В“, тоа „В“ ме асоцира на Венко – Лиде Лиде сака да се вакцинира и се надева дека така душата ќе и биде во негови раце

Љубовната сага на скопјанката во јавност позната како Лиде Лиде нема крај. Иако по селфито со министерот имаше пауза, од денес сите сме свесни дека сето тоа било само затишје пред бура. Денес Лиде призна дека се пријавила за вакцинација и јавно го замолува министерот Филипче, ако може тој лично да ја вакцинира.

-Пред  околу една недела се пријавив на сајтот за вакцинација, сакам да се имунизирам, не  сакам веќе да живеам во страв од зараза. Јас еднаш прележав, но кога разговарав со тие што прележале по втор пат велат било пострашно и затоа ме фати паника. Ама сакам да се вакцинирам со „Спутник В“, некако тоа „В“ме асоцира на Венко. И сакам тој да ме боцне, вели самоуверено и со надеж Лиде за ММС

Се обидовме да и објасниме дека тој е министер и стручен хирург, но Лиде е категорична.

-Па, веројатно го бива да вакцинира, не само да оперира. Лекар е зошто да не може. И тој е мулти таксинг како мене. Мене како ме бива за пет работи – водителка, пејачка, па знам да имитирам и плус  обезбедување и што не. Дури и маски си смислив со слоганот „Лиде на Венко“.  Мултикреативец сум. Така и тој, што е страшно да земе шприц во рака, вели таа со надеж и додава:

-Мора да сака, сега му е шанса.  Туку да покаже храброст како јас кога праев селфи со него. Не се плашам од вакцини. Пак ќе кажам секако ако ме боцка Венко не се плашам, само така душава комплет ќе ми иде кај него, вели таа.

Приказната за Лиде на Венко трае повеќе од една година и многу се раздолжи. Повеќе од една година илјадници текстови се направија за оваа тема, но од сето тоа има само едно ветување на министерот дека кога ќе заврши пандемијата ќе пијат кафе, а Лиде собра храброст и направи селфи со него. Затоа ја прашавме Лиде што мисли, има ли крај на оваа нејзина љубовна сага и каков ќе биде крајот на оваа драма.

-Па и да има некаков крај, пак нема да е крај. Ќе ми дојде некоја друга инспирација. Може да се вика бескрајна приказна втор дел, бидејќи една веќе постои. Јас не само една, уште песни снимам за него, има уште песни за  пеење за него. Па асоцијација за кафе сум јас. И новите песни наскоро ќе бидат промовирани, вели таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7