ММС

Објавено на: 05/21/21 3:54 PM

ОН го поздравија примирјето во Газа и ги повикаа страните да се придржуваат кон прекинот на огнот

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, го поздрави примирјето постигнато меѓу Израел и Хамас во Газа и ги повика страните да се придржуваат до примирјето, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гутереш им се обрати на новинарите во седиштето на ОН откако Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот.

„Задоволен сум што по 11-дневните судири во кои имаше смртни случаи, постигнат е прекин на огнот меѓу Газа и Израел“, рече Гутереш, и додаде „Ги повикувам страните да се придржуваат до прекинот на огнот.“

Осврнувајќи се и на напорите на Египет и Катар во постигнувањето на примирјето, Гутереш побара од меѓународната заедница да соработува со ОН за обнова и закрепнување на палестинскиот народ и институции.

Наведувајќи дека израелските и палестинските лидери, иницирајќи сериозен дијалог сносат одговорност која е повеќе од воспоставувањето мир, Гутереш ги повика Израел и Палестина да се вратат на значајните преговори за дводржавно решение со меѓународните и регионалните актери, во кои е вклучен и квартетот ОН, САД, ЕУ и Русија.

На прашањето на новинарот на АА за тоа кои чекори треба да се преземат по прекинот на огнот, Гутереш одговори: „Многу е важно започнувањето на мировниот процес и консолидирање на примирјето. Многу е важно создавање силна програма на хуманитарна помош за обнова на Газа и од клучно значење е започнување на мировниот процес за изнаоѓање на дводржавно решение.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1