Имунизацијата во Македонски Брод продолжува од вторник, пристигнаа 200 вакцини во Здравствениот дом
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/21/21 3:35 PM

Имунизацијата во Македонски Брод продолжува од вторник, пристигнаа 200 вакцини во Здравствениот дом

Изминативе три дена во Здравствениот дом во Македонски Брод немаше вакцинација против Ковид-19, од причина што немаше вакцини на залиха. Последните дози се потрошиле во вторникот и ова беше трет прекин на вакцинација во оваа општина.

Жарко Симески, директор на Здравствениот дом во Македонски брод истакна дека денеска во оваа здравствена установа пристигнала долгоочекуваната пратка на вакцини од кинески Синофарм, но бидејќи системот за пријавување бил во прекин, имунизацијата ќе продолжи во вторник.

– По тридневна пауза поради немање на вакцини имунизацијата на нашето население ќе продолжи на 25 мај,вторник. Денеска од Министерството за здравство ни беа испорачани дополнителни 200 дози на вакцини на кинески Синофар, кои ќе ни бидат доволни за вакцинација во текот на следната недела, ако се има во предвид дека во текот на еден ден вакцинираме до 50 лица.За наредните денови и старосната граница ќе биде спуштена под 59 години и очекуваме да продолжи големиот интерес на граѓаните за вакцинација и заштита од Ковид-19, рече Симески.

Тој појасни дека состојбата со Ковид-19 во Општина Македонски Брод е исклучително поволна и оти изминативе денови не се регистрирани новозаболени граѓани а во исто време нема ниту еден хоспитализиран.

Потсети дека првите пациенти кои се вакцинираа во Здравствениот дом во Македонски Брод со „Астра Зенека” , втората вакцина ќе ја примат на 6 јуни, со што ќе започне ревакцинацијата на населението од оваа општина.

 

 

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7