ММС

Објавено на: 05/21/21 9:07 AM

Лани играше во НБА, а денес има 200 килограми и продава дрога – Кошаркарска ѕвезда на суд поради поседување марихуана

Никола Јокиќ своевремено во НБА лигата беше драфтуван како 41. пик и оваа сезона е на пат да стане МВП на натпреварувањето.

Неговиот врсник, Американецот Кејлеб Свониган (26) има сосема друга кошаркарска приказна иако беше 26. пик своевремено на драфтот.

Свониган беше драфтуван во НБА во 2017 од Портланд трејлблејзерс, а тогаш тој беше во врвна физичка форма. Го викаа Биги (голем) затоа што на 13-годишна возраст Кејлеб достигнал тежина од 160 килограми.

 

Овој 206 сантиметри висок кошаркар сега има посериозни проблеми од тежината. За него ЕСПН пишува дека денес има дури 200 килограми, тежина која ја накачил после една година откако Портланд му го раскина договорот и тој остана без клуб.

Свониган дополнително се здебелил и сега се појавил пред судот во Индијана поради поседување на 1,5 килограми марихуана.

Медиумите во САД откриваат дека тој признал вина, но дека нема да мора да оди во затвор туку добил условна казна на двапати по шест месеци.

Извор: Mondo.rs

Фото: Mondo, Twitter

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1