ММС

Објавено на: 05/20/21 10:19 PM

Србија и Албанија на нозе!! Влегоа во финале на Евросонг

Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција и Финска се новите 10 земји, кои вечерва од вората полуфинална вечер се пласираа во големото финале на Изборот за песна на евровизија, која се одржа вечерва во Ротердам, Холандија.

Некој плачеше од среќа, некој од тага, но тоа се евровизиските правила, по 10 држави од полуфиналните вечери се пласираат во финалето, кое ќе се одржи во сабота вечер, а ним ќе им се приклучат државите од големата четворка Шпанија, Германија, Англија, Франција и земјата домаќин, Холандија.

Единствениот Македонец, кој вечерва се радуваше од зелената соба е Дарко Димитров, кој беше дел од авторскиот тим за песната на девојките „Хурикејн“ од Србија. Поради позитивен член од тимот претстгавниците на Исланд втората полуфинална вечер ја следеа од хотел, а  на сцена се изведе снимка од генералната проба. Тие го почитуваа новонастанатото правило на Евросонг, доколку еден член од тимот покаже позитивни знаци на Ковид-19 тогаш се изолира целиот тим.

Убавина беше да се гледаат различните сценски настапи и шаренило на евросонг, кога веќе се околу неа не личи на најголемото европско музичко шоу. Поради пандемијата движењата се ограничени, групирањата забранети, а веќе по 20 часот сите се повлечени во своите хотелски соби. Но, и ова какво-таков е подобро отколку ништо, како што беше минатата година, кога за прв пат во своето 65 годишно постоење евровизија не се одржа.

Кој ќе биде победник на оваа пандемиска евровизија останува да се види во сабота. Шоуто стартува од 21 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1