ММС

Објавено на: 05/20/21 3:00 PM

(ВИДЕО) Леброн „шампионско срце“ Џејмс со тројка од десет метри го сруши ГСВ

Кога е најпотребно и кога критичарите зборуваа дека лидерот на актуелниот првак го загубил „клач“ моментот во себе – Леброн Џејмс од 10 метри при резултат 100:100 погодува шут за три поени против Голден Стејт Вориорс во плеј-ин дуелот во НБА лигата. Шут за победа и прилика за одбрана на титулата.

Лос Анџелес Лејкерс страдаше во отсуство на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а враќањето на „кралот“ на паркетот сепак не го остави шампионот без плеј-оф дуел, овојпат против одличните Феникс Санс.

Џејмс мечот го заврши со 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции и со петтиот трипл-дабл сезонава, ја засени индивидуалната партија на Стеф Кари, кој за жал не успеа со неговите 37 поени да си го олесни патот кон елиминационата фаза во најдобрата светска кошаркарска лига.

 

Сега веќе екс-шампионите со мислите се насочени кон Мемфис Гризлис, кој синоќа исто така тесно го порази Сан Антонио Спарс и „со една нога“ влезе во посакуваниот плеј-оф. За дружба со најдобрите, талентираниот тим на Мемфис ќе мора да го запре расположениот Голден Стејт. Победникот од овој плеј-ин судир ќе се сретне со првопласираниот тим на Западот, Јута Џез.

 

 

 

Фото:

Twitter / @lakers

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1