Керим и Божиновска ќе советуваат за без пари во МНР - Бујар Османи го претстави Стратешкиот совет за надворешна политика
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/20/21 2:40 PM

Керим и Божиновска ќе советуваат за без пари во МНР – Бујар Османи го претстави Стратешкиот совет за надворешна политика

Денес, во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа инаугуративен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. На состанокот, воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ги претстави целите на  воспостувањето на ова советодавно, експертско тело во рамки на стратешкиот проект на МНР – “Рефлексија 2030”.

-“Рефлексија 2030” предвидува активен и широк општествен консултативен процес што се темели врз три основни столба: формирање на Стратешки совет за надворешна политика, одржување на ад-хок тематски Конференции и серија панели со интересни групи со цел зајакнување на линкот со јавноста и граѓанскиот сегмент на општеството. Целите на проектот “Рефлексија 2030” е да овозможи еден нов “пристап заснован на инпути и експертиза” преку кој ќе се соберат, евалуираат и канализираат разните мислења и ставови за стратешкиот надворешно-политички курс на државата, информираат од МНР.

“Крајна цел на овој проект е изработка на сеопфатна стратегија која ќе понуди еден поинаков светоглед, збир од различните аспекти, еден вид рефлексија на различни леќи, заснован врз инклузивност и партиципативност на сите релевантни општествени чинители. Внимавав да добиеме широка општествена интелектуална и експертска претставеност. Не се ограничив да поканам и поединци кои имаат цврст и јавен политички став, но кои во исто време се ослободени од притисокот на дневната политика.” – изјави МНР Османи.

Токму списокот на 26те членови на Стратешкиот совет предизвика  изненадување во јавноста. Меѓу имињата се најдоа  Срѓан Керим и Валентина Божиновска, но и  Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски…

За изборот на Божиновска и Керим јавноста особено е во шок. Божиновска 11 декември 2016, на протестите пред Државната изборна комисија во говорот рече дека собирот е „вечер на ножевите“.

Керим, пак, е поранешен дипломат и ексминистер за надворешни работи од времето на Герогиевски и е осомничен во случајот на СЈО за пропаѓањето на Медиа принт Македонија (МПМ), односно за пропаѓањето на „Вест“, „Дневник“, „Утрински“, „Теа Модерна“ ,  за лажен стечај, повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластувањата, за кои се предвидени затворски казни.  Во 2017 година доверителите останаа со ненаплатени долгови од над 3 милиони евра, а беа отпуштени над 300 новинари, печатарски работници и придружни службеници.  Керим од тогаш живее во Хрватска.

Фото: МНР

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7